Изложба на илустрации на графичкиот дизајнер и истакнат граѓански активист Зоран Кардула ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на Град Скопје, како дел од 19. Биенале на македонска архитектура, БИМАС.
Изложбата е насловена „Архитектонски илустрации“, а ќе бидат претставени 26 дела.
– На оваа изложба ќе се претставам со мои илустрации кои ги имам направено на бруталистички објекти од Скопје, тука е споменикот Македониум во Крушево и секако дел од спомениците на НОБ низ Југославија кои сè уште пленат со својата убавина, архитектонски израз далеку пред времето и сè уште изгледаат авангардно. Изработени се во минималистички стил со цел да дојде до израз нивната убавина и моќ – вели Кардула.
БИМАС ќе трае до 27 септември.