Изложба на икони од Музеј на Град Скопје

163
20051230 Friday 0409 Muzej na Grad Skopje Stara zeleznicka stanica

Изложбата „Икони од Музеј на Град Скопје“ вечерва ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје. Автор на изложбата и каталогот е Викторија Грозданова Коцевски, кустос советник, историчар на уметноста, а за значењето на презентираните дела ќе говорат Фросина Зафировска, в. д. директор на Музејот и проф. д-р Сашо Цветковски.

Изложбениот концепт опфаќа презентација на педесетина икони кои припаѓаат на фондот на Музејот на Град Скопје, а датираат од 19 и почеток на 20 век.

Збирката „Икони од Музеј на Град Скопје“ се формирала во изминатите пет децении. Иако овој фундус на икони е мал по обем, сепак по својата впечатлива и вредна содржина во голема мера го отсликува развојот и еволуцијата на стилските особености на црковната уметност низ 19-от век во Скопје и Скопско, но и пошироко на територијата на нашата држава.

Автори на делата се најталентираните зографи на македонската преродбенска уметност како Дичо Зограф, но секако и неговите следбеници Петре Пачаров Дебранец, Благој (Блаже) Дамјанов, Дамјан Зограф од Крушево, Димитар Андонов Папрадишки и др.

Од Музејот на Град Скопје посочуваат дека овој концепт претставува прво прикажување на збирката како единствена целина, при што на пошироката јавност ќе ѝ се овозможи поаналитичко запознавање со иконографскиот и стилско – ликовниот развој на зографската „ренесансна уметност“ низ бурните текови на 19 век на нашата територија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...