Изложба на Александра Петкова во Музеј на град Скопје

160

Во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје утре ќе се отвори самостојна изложба на Александра Петкова насловена Филогенеза.

Во изложбата  Филогенетика авторката Александра Петкова Гианели визуелно ја разработува древната приказна за врската мегу боговите и луѓето и симболиката на создавање на истите. Од памтивек луѓето создаваат приказни за светот, обидувајќи се да го објаснат нивното секојдневие, нивната мисија на земјата, нивниот печат и нивната преобразба. Мегу тие приказни се и приказните за врховниот Создател-Бог од небото, Големата Мајка-Божица на Земјата, раѓањето на Сонце-Бог, митовите на Месечината што се појавуваат на земјата и се претвораат во крава; концепција на месеците како божествени суштества, зодијачни системи итн. кои ни ја дадоа идејата за почеток на времето; појавата на редот од хаосот кој има централна улога во секоја колективна совест на секоја нација…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...