Изложба и пијанистички рецитал на Скопско лето

110

Во рамките на „Скопско лето“ во Културно информативниот центар вечерва во 20.30 часот ќе се отвори изложба „Музичка реминисценција во сликарство“ на Дренуша Палоши.

Во Музеј на град Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи мултимедијален пијанистички рецитал на Димчо Величков од Бугарија. Овој рецитал е во соработка со Културно информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...