Излезе од печат поетската книга „Ништо не е конечно“ од Јован Стрезовски

84

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат поетската книга „Ништо не е конечно“ од македонскиот поет, романсиер и раскажуач, Јован Стрезовски. На страниците од своето најново дело познатиот писател застапува седумдесет песни, во кои го воспева животот, ја слави убавината на природата и како прекален мудрец поставува прашања за бурните патешествија на човекот на нашето време.

Јован Стрезовски (Подгорци,Струшко,1931) е автор на богат поетски и прозен опус ,за кој е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на наградите „11 Октомври“ и „Ацо Шопов“. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици, а според сценарио на романот „Вода“ е снимен еден најдобрите филмови на режисерот Бранко Гапо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...