Авиокомпанијата „Изи џет“ (EasyJet) им овозможи на патниците да позајмат книга со приказни додека се во авион со своите деца.
Компанијата обезбеди 60.000 книги и ги распредели на 300 летови. Книгите се наоѓаат во џебовите на задниот дел од седиштето.
– Сакаме да создадеме иницијативи наменети за семејства кои летаат со нас за да ги забавуваме, но и да им олесниме на родителите. Се надеваме дека нашите патници уживаат во приказните – изјави директорката на кабинскиот екипаж Тина Милтон.
Новата програма вклучува и терминална забава за оние кои летаат од аеродромот Литон.