Издадени 307 одобренија за градба во јануари

Најголем број односно 157 одобренија се наменети за објекти од високоградба, 91 за објекти за реконструкција и 59 за објекти од нискоградба.

199
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Во јануари се издадени 307 одобренија за градење што е за 62,4 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите е 4,055 милијарди денари што е за 68,1 отсто повeќе во однос на истиот месец лани.

Најголем број односно 157 одобренија се наменети за објекти од високоградба, 91 за објекти за реконструкција и 59 за објекти од нискоградба.

Во овој период предвидена е изградба на 810 станови со вкупна корисна површина од 60.233 метри квадратни.

Од вкупно 307-те објекти, кај 175 како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 132 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...