Изградбата на патот Скопје – Блаце тема на разговорот Спасовски – СКСЗМ

629

Изградбата на патниот правец Скопје – Блаце и инфраструктурата во зоната Визбегово се прашањата кои ги покренаа претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на средбата со премиерот Оливер Спасовски.

Претседателот на комората, Неби Хоџа оцени дека продолжува воспоставената одлична комуникација меѓу Владата и бизнис заедницата, како и дека Владата, и покрај изборниот процес, функционира во полн капацитет и обезбедува континуитет на економските политики.

Во врска со инфраструктурата во зоната Визбегово и патниот правец Скопје – Блаце, Спасовски информира дека „Владата останува посветена на решавањето на овие инфраструктурни прашања и дека се надминати дел од проблемите што Владата ги затекнала од претходно“.

Премиерот истакнал и дека Владата останува отворена за предлозите на бизнис заедницата, како и дека ќе продолжи дијалогот во однос на прашањата кои директно го засегаат стопанството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...