Изгласана доверба за чешката влада

52

Обидот на опозицијата да ја собори Владата на Андреј Бабиш не успеа. Гласањето за кабинетот на АНО и ЧССД за недоверба на владата заврши: за недоверба на Владата се изјаснија 92 пратеници, а за доверба 90.

За изгласување недоверба беа неопходни 101 глас. Гласањето за недоверба го побараа шест опозициони партии поради аферата ,,Штрково гнездо” и наводното киднапирање на синот на премиерот Андреј Бабиш на Крим.

Шефот на ЧССД и потпретседател на Владата Јан Хамачек изјави дека резултатите од гласањето биле очекувани.

-Беше јасно дека опозицијата нема доволно гласови да изгласа недоверба на владата – рече тој на конференцијата за новинари.

Како што претходно најави, тој самиот не гласаше, како и останатите членови на социјадемократите.

-Не се чувствувам како заложник – изјави Хамачек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...