Во фабриката за ракетна и вселенска опрема „Красмаш“ во рускиот град Краснојарск, каде се произведуваат балистички ракети, е изгаснат пожарот, соопшти прес службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
– Пожарот е целосно изгаснат – соопштија од тоа министерство.
Пожарот избил во складиште што го изнајмувала фирма за производство на фрижидери и зафатил околу 24.000 квадратни метри. Во пожарот нема жртви и не е зафатен делот каде се прават интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“ и балистички ракети што се лансираат од подрморници „Синева“.