Изгаснат пожарот во кулата на Трамп во Баку, едно лице се затруло со чад

146

Пожарот што ја зафати кулата на Трамп во Баку, главниот град на Азербејџан, е изгаснат, пренесуваат руските медиуми.

Едно лице во тешка состојба е хоспитализирано поради труење со чад.

Сите улици кои водат до зградата беа блокирани.

Зградата, која има 33 ката и е висока 130 метри, е завршена, но се уште не е вселена.

Во декември Трамп Организејшн  (Tramp Organizejssn) од САД ги прекина лиценцните договори за изградба на такви градби во неколку земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...