Изгаснат еден реактор во унгарската атомска централа во Пакш

Постројката има четири реактори со вода под притисок (VVER) од советско производство и секој има единечна инсталирана сила од 500 мегавати.

197

Еден од четирите реактори во унгарската нуклеарна централа во Пакш утринава е изгаснат кога се активирал автоматскиот одбранбен механизам.

Нуклеарната централа во соопштение наведе дека нејзините стручњаци го истражуваат инцидентот, но дополнуваат дека тој не претставува безбедносна опасност, пренесуваат британските медиуми.

Постројката има четири реактори со вода под притисок (VVER) од советско производство и секој има единечна инсталирана сила од 500 мегавати.

Работниот век на овие реактори е продолжен за 20 години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...