Извршниот директор на „Кредит Свис“ поднесе оставка поради шпионски скандал

226

Извршниот директор на „Кредит Свис“, Тиџејн Тајем, поднесе оставка поради шпионски скандал во банката.

Тајем поднесе  оставка од функцијата откако пред неколку месеци беше обелоденето дека двајца банкарски службеници биле следени од приватни детективи најмени од поранешниот директор на банката.

Поради следењето на  вработените во истрагата се  вклучи и швајцарската финансиска служба ФИНМА.

Тајем негира каква било вмешаност во скандалот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...