Извозот пораснал за 22,7 отсто до септември

Во периодот јануари-септември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија, и Бугарија.

93

Вкупно 11.640.243.000 американски долари изнесува трговска размена на Македонија за периодот јануари-септември 2018 година, Објави Државниот завод за статистика.

На извоз отпаѓаат 5.046.877.000 што е раст од 22,7 отсто во однос на истиот период лани, додека на увоз 6.593.366.000 долари што е за 19,5 отсто повеќе во споредба со јануари-септември 2017.

Трговскиот дефицит е 1.546.489.000 долари, а покриеноста на увозот со извоз 76,7 отсто.

Според Статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот најзастапени се платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари-септември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија, и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...