Припадниците на холандската спасувачка служба извлекоа три лица од под урнатините на трикатната зграда во Хаг која се урна после експлозија на гас.
Се уште се трага по уште едно лице за кое се верува дека е заглавено под урнатините.
Во потрагата учествуваат и кучиња трагачи.
Спасувачите внимателно ги пребаруваат урнатините затоа што се стравува дека би можело да дојде до нови уривања.
Во експлозијата беа повредени најмалку девет лица од кои седуммина се пренесени во болница, додека на две лица им е укажана медицинска помош на самото место, по што се пуштени на домашно лекување.
Градоначалникот на Хаг, Полин Крике вчера изјави дека станува збор „страшна несреќа“, ветувајќи дека жртвите брзо ќе добијат помош.