Извикувајќи „смрт на Америка“, иранските парламентарци почнаа седница

93

По одлуката на САД иранската Револуционерна гарда да ја прогласи за странска терористичка организација, иранските пратеници денеска почнаа парламентарна седница извикувајќи „смрт на Америка“.

Многу пратеници носеа униформи на Револуционерната гарда, за да покажат поддршка за оружената формација.

Претседателот на иранскиот парламент Али Лариџани американската одлука Револуционерната гарда да ја прогласи за терористичка организација ја нарече „врв на глупоста и незнаењето“.

Иран на одлуката одговори со тоа што ги прогласи сите американски вооружени сили за терористички, а самата држава ја обвини дека го поддржува тероризмот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...