Извадени ребра, ботокс… Што сè направиле Кардашијан пред Мет Гала! ФОТО+ВИДЕО

Доктор Бенџи Дилон, експерт по козметологија, открил какви сè корекции направиле тие за да блеснат во полн сјај.

654

Што се крие зад гламурот, сјајот, светките и латексот на „модните Оскари“ односно познатата Мет Гала?

Кланот Кардашијан повторно ги украде сите погледи на црвениот тепих и го привлече вниманието на медиумите со спектакуларниот изглед, но нивниот пат не бил лесен. Подготовките биле жестоки, а д-р Бенџи Дилон, експерт по козметологија, открил какви сè корекции направиле тие за да блеснат во полн сјај.

Како што вели д-р Дилон, Кајли Џенер вoочи Мет Гала ги пополнила усните со филери и малку хијалурон кој го додала во образите и вилицата за да ги преобликува.

Усните на Кендал Џенер изгледале пополни, а за тоа не е заслужна само добрата шминка.

На фотографијата од лани се гледа дека додала и малку ботокс воочи Мет Гала, бидејќи челото ѝ изгледа помазно од обично, вели д-р Бенџи.

Ким на 38 години изгледа младешки, поради ботоксот. Со филерите во образите го постигнала тој фамозен „контуриран“ изглед, а како што вели д-р Бенџи, малку хијалурон додала и во усните. Разликата е повеќе од очигледна.

Се повела и полемика дека Ким извадила ребра за да добие што потенка половина. Дали е тоа резултат на тренинзите и корсетот или до хирургот, не сме сигурни?

 

View this post on Instagram

 

Yes sisters! #MetGala

A post shared by Kim Kardashian Snapchat 🍑 (@kimkardashiansnap) on

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...