Избрани 32 композиции за „Макфест“

121

Избрани се композициите за фестивалот на забавна музика „Макфест“. Кирил Панајотов советник за јавни дејности во Општина Штип информира дека оваа година, наместо 30 ќе бидат изведени две повеќе композиции.

– Годинава има 32 композиции кои ќе се натпреваруват во две полуфинални вечери. Веќе се завршени и сите технички подготовки околу фесивалот. Телеволтинг повеќе нема да има, ќе гласа публиката, зашто таа секогаш знаела добро да избере. Практично ќе биде троделно гласање, но техниката ќе се соопшти дополнително – вели Панајотов.

Тој истакна дека се уште не се дефинирани учесниците во шоу програмите, но се највува музички перформанс за неодамна почината музичка ѕвезда, а своевремено учесник на Макфест.

Од оваа година фестивалот на забавна музика „Макфест“ ќе се одржи во октомври, со што го враќа стариот тајминг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...