Изборната комисија на Зимбабве: Сепак, владејачката партија е победник на изборите

Соопштението на Комисијата следи откако опозициската партија Движење за демократски промени - Цвангирај (МДЦ-Т), вчера се прогласи за победник на изборите.

82

Африканската национална унија на Зимбабве – Патриотски фонт (ЗАНУ-ПФ), која е долгогодишна владејачка партија во Зимбабве, е победник на изборите што се одржаа завчера, соопшти денеска Изборната комисија на земјата.

Соопштението на Комисијата следи откако опозициската партија Движење за демократски промени – Цвангирај (МДЦ-Т), вчера се прогласи за победник на изборите.

Според изборната комисија, ЗАНУ-ПФ освоила 110 пратенички мандати, а МДЦ-Т 41 од вкупно 210-те места во Парламентот.

Ова беа први избори откако во ноември 2017 година Роберт Мугабе беше симнат од власт. Мугабе и изрази поддршка на опозицијата и нејзиниот водач Нелсон Чамиса, во борбата против претседателот Емерсон Мнангагва од ЗАНУ-ПФ, кој го предводеше државниот удар против него.

Чамиса вчера ја обвини Изборната комисија дека намерно одолговлекува со објавувањето на резултатите и дека ја крие опозициската победа.

Резултатите од претседателските избори, на кои главни кандидати се Мнангагва и Чамиса, пак, се уште не се објавени – тие се очекуваат в петок или сабота. Доколку ниту еден кандидат не освои половина од гласовите, ќе се одржи втор круг на гласање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...