Штабот на изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп ја нарече „сосема безвредна” тужбата која ја поднесе Демократската партија, во која кампањата на Трамп, заедно со Викиликс и Русија, се обвинува за заговор со цел да се влијае на исходот на претседателските избори во САД 2016 година.
Во соопштението на „Доналд Трамп за претседател” се вели дека тужбата на демократите „ќе биде отфрлена во догледно време”.
– Оваа лекомислена тужба е последен обид за поткрепување на неоснованите обвиненија за заговор со Русија, која ја изведува речиси банкротираната Демократската партија и натаму обидувајќи се да се спротивстави на волјата на народот (искажана) на претседателските избори во 2016 година – се вели во соопштението.
Демократска партија вчера поднесе тужба против Русија, изборната кампања на претседателот Доналд Трамп и „Викиликс“ за заговор со намера попречување на претседателските избори во САД во 2016 година.
Демократите, во тужбата поднесена до Федералниот суд во Менхетн, наведуваат дека високи официјални лица од кампањата на Трамп направиле заговор со Владата на Русија и нејзината воена разузнавачка агенција, со цел да и наштетат на демократската кандидатка Хилари Клинтон и го нарушиле изборниот процес со хакирање на компјутерскиот систем на Демократската партија.
Тие бараат отштета, чиј износ не е наведен, како и издавање налог, со кој би се спречило ново хакирање на компјутерот на демократите.
Тужбата е поднесена против синот и зетот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор у Џаред Кушнер и против неговиот соработник Роџер Стоун.
Преку овој правен процес Демократската партија има намера да ги принуди тужените да достават документи за расветлување на заговорот и соработката.
Трамп во повеќе наврати негираше дека неговиот изборен тим бил „во дослух со претставници на руската Влада.