Изборите пречка за зголемување на бројот на државни ревизори

Во државата моментално работат 90 државни ревизори, кои вршат ревизија во околу 1.100 јавни институции, а согласно стандардите нивниот број е за педесетина помал од потребниот.

54

Ќе направиме се не само кадровски, туку и според стандарди да го развиваме системот на јавна внатрешна финансиска контрола, бидејќи е важен за функционирање на јавните финансии, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Ние сме прва земја во регионот која направи стратегија за развој на јавната внатрешна финансиска контрола, а токму една од главните насоки таму е да се засили тој систем со луѓе. По завршувањето на изборите чекор по чекор ќе работиме на реализација на стратегијата – изјави Тевдовски во одговор на новинарско прашање на паузата на меѓународната конференција ПЕМПАЛ што денеска и утре се одржува во Скопје.

Тој нагласи дека сериозно треба да биде зајакната бројката на внатрешните ревизори во земјава.

– Ревизорските извештаи се важни и ние правиме се да се подобри функционирањето на системот. Мислам дека таквите извештаи и денес може да се разгледуваат на Собрание, но тоа зависи од другите институции во системот – рече Тевдовски.

Во државата моментално работат 90 државни ревизори, кои вршат ревизија во околу 1.100 јавни институции, а согласно стандардите нивниот број е за педесетина помал од потребниот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...