Најголемата европска економија германската, во третиот месец од годината растела подобро од предвидувањата, но и натаму со слабите 0,1 отсто, покажуваат официјалните германски статистички податоци.
Сојузното германско Биро за статистика ги ревидирало проекциите за германскиот раст во вториот квартал од годината на 0,2 отсто, додека претходната проценка беше пад од 0,1 отсто, јави ДПА.
Во третиот квартал растел извозот, а увозот останал речиси на истото ниво како и во претходниот период. Активностите во германскиот градежен сектор, исто така, покажале раст во третиот квартал. Но, падот во производствениот сектор, индустријата и опремата го запрел растот што бил помал во третиот квартал, во однос на првите три месеца од годината.
Германскиот БДП нараснал за 0,5 отсто во месеците до крајот на септември, мерено од година до година, па и со ценовни и календарски ефекти.