Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот со нож во предградие на Париз, каде вооружен маж усмрти две лица , а едно е сериозно повредено.
Првично беше објавено дека едно лице е убиено, а двајца се ранети, но француски официјален претставник потоа објави дека две лица загинале и дека третото е потешко рането.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот викал „алах акбар“ и ги нападнал минувачите. Според АП, човекот потоа се затворил во куќа, по што бил убиен од полицијата.
Во соопштение објавено од новинската агенција на терористичката група, Амак, е наведено дека напаѓачот е „борец на ИД”.