ИД презеде одговорност за нападот во Џалалабад во кој загинаа 16 лица

71

Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад, во кој загинаа 16 луѓе во авганистанската провинција Нангархар.

Бомбаши самоубијци и вооружени мажи нападнаа канцеларија на градежна компанија во градот Џалалабад, при што убија 16 вработени.

Џалалабад е главен град на провинцијата Нангархар, која  се наоѓа на границата со Пакистан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...