Потребно е:
4 парчиња пилешки стек
5 лажици путер
1 лажица сенф
300-400 мл павлака за готвење
1-2 лажички ким
1 пакување њоки
Подготовка:
– Сварете ги њоките во солена вода.
– Пилешкиот стек исецкајте го на коцкички и пропржете ги на путер.
– Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење.
– Посолите и побиберите.
– Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките.
– Одозгора посипете со ким.