„Игра на престолите” со најмногу номинации за Еми наградите

Телевизиската серија на кабелскиот оператор ХБО, „Игра на престолите" со 22 номинации води во бројот на номинации за американските награди Еми.

118

Телевизиската серија на кабелскиот оператор ХБО, „Игра на престолите” со 22 номинации води во бројот на номинации за американските награди Еми. Зад неа се „Западен свет” и „Приказните на слугинката”.

„Игра на престолите”, серија заснована на романите на Џорџ Р. Р. Мартин, веќе двапати ја освои наградата Еми за најдобра драмска серија. Сепак, годинава ќе се соочи со тешка конкуренција, имајќи ја предвид „Западен свет”, чијашто приказна е сместена во времето на дивиот запад, и која доби 21 номинација, и „Приказните на слугинката”, којашто говори за дистописка иднина, со 20 номинации.

Серијата „Атланта” на Доналд Гловер е водечка во категоријата за најдобра комедија, со 16 номинации.

Хумористичната серија „Розен”, што беше откажана поради расистичка објава на Твитер на глумицата Розен Бар, доби само една поважна номинација – Лори Мекалф е номинирана за најдобра споредна улога.

Со 12 номинации може да се пофали скеч комедијата на Лорн Мајклс – „Сабота навечер во живо”, којашто, меѓу другото, ја исмеваше и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Доделувањето на наградите Еми е на 17 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...