Откако на Инстаграм ѝ пружи поддршка на својата сопруга Северина по објавувањето во јавноста на експлицитни фотографии на кои наводно е таа, Игор Којиќ го затвори својот профил на Инстаграм.
Сега неговиот профил е повторно отворен, но на него ги нема фотографиите на Александар Поповиќ кои претходно ги објави.
Наместо тоа Игор објавил фотографија на која тој и Северина првпат го носат нејзиниот син во училиште во Загреб. На неа се свртени со грб кон камерата и чекорат кон украсениот влез на училиштето.
Очекувано, иако Александар во училиште го испрати и неговиот татко Милан Поповиќ, тој не е на оваа фотографија.
Имајќи предвид дека родителите на Александар се повторно на суд околу старателството, Игор Којиќ јасно покажал што му е единствено важно во тој хаос.
Фото: Принтскрин/Инстаграм