Игли подметнати во јагоди предизвикаа масовна паника во Австралија

206

Квинсленд понуди награда од 100.000 австралиски долари (72.000 американски долари) за каква било информација за инцидентите.

Првите случаи на подметнати игли во овошјето беа пријавени во Квинсленд минатата недела, а потоа се проширија во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Тасманија.

Одгледувачите на јагоди и полицијата велат дека дел од случаите можеби се дело на имитатори.

Досега се регистрирани инциденти во шест покраини и територии во Австралија. Еден маж е хоспитализиран откако изел јагода во која имало игла.

Полицијата ги предупредува луѓето да ги исецкаат јагодите пред да ги јадат, зашто во нив има игли и шајки. Дел од производителите на јагоди веќе ги повлекоа пакувањата од супермаркетите во страв дека може да предизвикаат фатални последици.

„Ова е многу брутално злосторство и напад врз јавноста“, рече австралискиот министер за здравство Грег Хантој.

Одгледувачите на јагоди изразија дополнителна загриженост дека ова скапо ќе ја чини индустријата што вреди околу 130 милиони австралиски долари годишно.

Just posting this as a warning to anyone that has bought strawberries (Berry Obsessions) from Woolworths recently….

Posted by Joshua Gane on Сабота, 08 септември 2018

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...