Ивица Тодориќ плати кауција, попладнево излегува од затвор

496

Поранешниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ  денеска уплати кауција од еден милион евра, со што му е овозможено во текот на денот да излезе на слобода од истражниот затвор, во кој се наоѓа по екстрадицијата од Лондон.

На денешното рочиште, кое беше свикано по потврдата за уплата на кауцијата, истражниот судија го предупреди Тодориќ дека доколку ги прекрши одредбите од кауцијата, средствата ќе и припаднат на државата, а против него може да биде поводена постапка.

На Тодориќ му се изречени и мерки на претпазливост, односно забрането му е да го напушта престојот кој го има пријавено и не смее да го напушти загреб без одобрение на Судот. Исто така, одземена му е и патната исправа.

Тодориќ и неговите синови Иван и Анте, но и 12 лица од Агрокор се осомничени за незаконско стекнување финансиска корист од над милијарда куни од Агрокор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...