Поранешниот директор на хрватската компанија „Агрокор“, Ивица Тодориќ, кој е осомничен за присвојување на 100 милиони долари, планира да се кандидира за претседател на Хрватска.
Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат кон крајот на следната година.
Тој вчера беше пуштен од затвор со гаранција од еден милион евра.
– Ќе ја освојам власта и ќе ја насочам Хрватска во вистински правец, ќе се кандидирам на изборите, изјави Тодориќ за „24 сата“.
Тодориќ ги отфрли обвинувањата за лошо управување со прехранбената компанија „Агрокор“ и за корупција.
Владата ја презеде контролата врз компанијата откако таа достигна долгови од шест милијарди евра. Ивица Тодориќ беше уапсен во Лондон пред една година по распишана меѓународна потерница. Британски суд минатиот месец ја отфрли неговата жалба и го екстрадира во Хрватска