Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, соопшти дека ќе ја затвори нејзината компанија за производство на фустани, чевли и женски чанти, а вработените ќе добијат откази.
Весникот „Њујорк пост“ објави дека компанијата ќе биде затворена што е можно побргу и откако вработените ќе бидат известени дека се отпуштени.
Според Иванка Трамп, компанијата се затвора за да може таа повеќе време да посвети на функцијата советник во Белата куќа.
Американски медиуми објавија дека таа беше жестоко критикувана поради тоа што вработувала работници во Кина и за лошите услови во тамошните фабрики