Иванка Трамп ја затвора контроверзната модна компанија поради политика

206

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, соопштила дека ја затвора својата модна компанија, за да може да ја продолжи кариерата во политиката.
Иванка, која е ангажирана како висока советничка на својот татко, одлучила да ја затвори компанијата која произведуваше облека и модни додатоци.

– Кога првпат ја покренавме оваа марка, никој не можеше да предвиди колкав успех ќе постигнеме. По 17 месеци во Вашингтон, не знам кога и дали некогаш ќе се вратам на работа, но знам дека мојот фокус во блиската иднина ќе биде работата која ја извршувам тука во Вашингтон, па донесувањето на оваа одлука во моментот е единствениот праведен исход за мојот тим и партнерите – порачала Иванка Трамп.

Таа додала и дека многу им е благодарна на сите во компанијата кои го дале својот придонес во нејзиното работење во претходниот период.

– Повеќе од благодарна сум за работењето на нашиот неверојатен тим кој инспирираше толкав број жени, а и мене лично. Иако нема да ја продолжиме мисијата заедно, знам дека секој од нив ќе напредува во следното поглавје во животот – навела Иванка.

Со одлуката за затворањето на компанијата, како што открил еден од изворите, ќе бидат погодени 18 луѓе.

Иванка своевремено предизвика многубројни контроверии, имајќи предвид дека за време за кампањата на својот татко ја носела облеката на сопствената компанијата, и тоа во текот на официјалните говори и интервјуа.

Инаку, модната компанија која е основана пред четири години во краток период успеала да се вброи меѓу познатите светски марки.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...