Иванка Трамп му честита на Џонсон што стана премиер на непостоечка држава, ги насмеа сите

1849

Иванка Трамп му честита на Борис Џонсон за тоа што стана премиер на Велика Британија, но направи грешка при пишувањето на Твитер.

Ќерката на американскиот претседател – кој и самиот е познат по грешки во пишувањето на неговата омилена социјална мрежа – напиша „United Kingston“, наместо „United Kingdom“, пренесува „Хафпост“.

Иванка подоцна го избриша твитот и напиша нов, овој пат со вистинската држава. Но, нејзината грешка не остана незабележана на интернет.


ФОТО: ЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...