Британскиот актер Иан Мекелен призна дека веќе го планира сопствениот погреб, како и дека за тоа размислува секојдневно.
Мекелен за лондонски „Метро“ отворено говори за смртта и за плановите за својот погреб, кој според него „ќе изгледа толку добро, што дури и тој посакува да присуствува на него“.
– Би сакал погребот да биде во славенички тон, во театар. Влезот да биде слободен и да дојдат убави луѓе. Па си помислив и „јас би сакал да присуствувам на таков погреб“- потенцира 78-годишниот актер.
Тој додава дека се надева на можност да организира проба на погребот, пред навистина да почине.