Во вчерашната епизода на „Keeping up with the Kardashians“, Ким Кардашијан се врати во Париз за прв пат откако ја ограбија во 2016 година.
Таа се двоумела кога нејзиниот сопруг, раперот Кање Вест, ја замолил да одат на модно шоу на пријател.
– Не сакам да вршам притисок на тебе, знам дека ти беше многу тешко последниот пат кога бевме таму. Светот би сакал да те види – рекол Вест.
Бидејќи нему тоа му било многу важно, Ким се вратила во Париз.
– Имам толку убави спомени од Париз. Се надевам овој пат се ќе помине во ред, па ќе се сеќавам на сите магични нешта за овој град и како јас и Кање се заљубивме во него – изјавила Кардашијан.
Иако таа била загрижена за деталите околу обезбедувањето, сепак признала дека била смирена за време на патувањето.
– Беше одлично. Мило ми е што одлучивме да отидеме – рекла Кардашијан.
Таа им се придружила на Клои Кардашијан, Крис и Кендал Џенер на хумана покер игра.
ФОТО: Принтскрин / Видео