Зошто француските родители се посупериорни? (1 дел)

Зошто во текот на стотиците часови кои ги поминав на игралиштата во Франција, никогаш не видов дете (освен моето) кое има испади на бес? Зошто моите француски пријатели никогаш не мораа да го прекинуваат телефонскиот разговор затоа што нивното дете нешто уништува? Зошто нивните дневни соби не беа окупирани со шатори и кујни-играчки, како нашите?

270

Памела Дрикермен, Американка мажена за Британец, живеела во Франција, и покрај фантастичната природа, култура и храна, најмногу ја фасцинирал начин на кои Французите ги одгледувале своите деца. Импресионирана од драстичната разлика во одгледувањето на американските и на француските деца, напишала книга „Одгледување на бебе: една американска мајка ја открива мудроста на француското родителство“. (Bringing up bébé: One American Mother Discovers the Wisdom of French Parenting).

„Кога мојата ќерка имаше 18 месеци, јас и сопругот одлучивме да ја одведеме на мал летен одмор. Одбравме едно приморско гратче кое се наоѓа на неколку часа со воз од Париз, кадешто живеевме во тој момент (јас сум Американка, a тој Британец), и резервиравме хотелска соба со детско креветче.

„Зрнце“ (Bean), како што ја викаме, во тоа време беше наше единствено дете, и затоа сфатете не што си мислевме: „Колку може да биде тешко?“

Имавме појадок во хотелот, но моравме да ручаме и да вечераме во мал ресторан кај старото пристаниште. Набрзо откривме дека два оброци со бебе во ресторан заслужуваат посебен круг во пеколот.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...