Зошто треба да оставите паричка во замрзнувач пред да заминете на летување?!

Кога електричната енергија повторно ќе дојде, намирниците повторно ќе се замрзнат и вие речиси нема ни да забележите дека биле одмрзнати.

844

Ако планирате заминување на одмор и оставате храна во вашиот фрижидер, овој едноставен трик може да ви биде од корист.

Со помош на една паричка ќе знаете колку е безбедно да ја консумирате храната која ви останала во фрижидерот по одморот. Понекогаш, додека сме отсутни, во домот може да снема електрична енергија, а ние не знаеме. Можеби се во прашање и неколку дена, што доведува до одмрзнување на храната и нејзино расипување. Кога електричната енергија повторно ќе дојде, намирниците повторно ќе се замрзнат и вие речиси нема ни да забележите дека биле одмрзнати. Тоа може да биде многу опасно по здравјето, бидејќи за некои прехранбени производи постои ризик од ширење на салмонела и други бактерии.

Ви откриваме начин, сепак, да дознаете дали и колку долго вашиот замрзнувач бил без електрична енергија и дали храната од замрзнувачот и понатаму можете да ја консумирате или премногу долго стоела на топло.

За овој трик ви се потребни:
– шолја
– вода
-паричка

За да откриете дали намирниците цело време биле замрзнати, наполнете чаша со вода и замрзнете ја. Кога водата ќе се заледи, врз неа ставете една паричка. Доколку по враќањето од одмор ја најдете паричката на дното од чашата, тоа значи дека прекинот на електрична енергија бил доволно долг за сета вода да се одмрзне. Во тој случај, најдобро би било да ја фрлите храната бидејќи и таа се одмрзнала како и водата.

Доколку паричката останала на врвот, тоа значи дека немало прекин во електричната енергија. Ако паричката ја најдете во средина на чашата, храната веројатно и понатаму е безбедна за консумирање бидејќи прекинот не траел долго.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...