Зошто треба да ги (за)сакаме праските?

Праските често се препорачуваат како дел од оброците на дијабетичарите заради својата способност за намалување на нивото на шеќер во крвта.

579

Пазарите се полни со сезонско овошје, а на многумина oмилени им се токму праските, кралиците на сончевите денови.

Праските, оние вистинските, не намамуваат со мирисот и со леснотијата со која се комбинираат и со слатки и со солени намирници, а воедно се и богати со хранливи материи и нивното редовно консумирање влијае на нашето здравје.

Една просечна праска содржи 58 калории, полна е со протеини, витамин Ц, витамин А, витамин Е, витамин К, манган, влакна, железо и калиум, а содржи помалку од 1 грам масти. Вреди да се истакне и богатството на антиоксиданти, а ако од ова овошје се направи сок, тоа овозможува побрза апсорпција и делување на нашиот организам веќе после 30 минути.

Што може да направи за нашето здравје таквата комбинација на нутриенти, минерали, витамини и антиоксиданси, прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...