Зошто тоа го правиш на твои години? Синди Крафорд се соблече гола и ги налути обожавателите ФОТО

Таа истакнала дека токму поради таквите лоши коментари и понатаму се занимава со работата со која се занимава и се фотографира гола.

3523

Синди Крафорд ја започна својата кариера пред три децении и набрзо се стекна со епитетот една од најубавите жени на светот.

Свесна за своите години, но и убавина, често се фотографира без шминка па и без облека.

Меѓутоа, во една прилика на себе навлекла толкав гнев од народот, што морала да се брани самата себе во рамките на еден панел, каде што со неколку реченици ги засрамила сите „злобни јазици“.

„Се сеќавам дека некоја злобна личност на Инстаграм, каде што ги има многу, објави нешто во смисла: „Зошто ова сè уште го правиш во тие години?““, почнала Синди, прашувајќи се дали навистина постои старосна граница според која соблекувањето гола не е во ред.

Таа потоа истакнала дека токму поради таквите лоши коментари и понатаму се занимава со работата со која се занимава и се фотографира гола.

„Дали ние имаме рок на траење? Не изгледам исто како на 20, 30 или дури на 40 години. Но, доколку се грижиме сами за себе, зошто да не? Дали позирам во минијатурна танга на плажа? Не. Но, постојат места каде што сакам да се чувствувам убаво кога сум гола, приватно, со сопругот“, раскажала таа.

Синди и нејзиниот сопруг се во брак од 1998 година и имаат две деца.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...