Зошто принцезата Шарлот не смее да седи на иста маса со останатите членови на кралското семејство?

Дури кога ќе ги совлада сите правила за однесување и да разговара со другите, ќе смее да седи и рамноправно да вечера со другите членови на нејзиното семејство.

1296

Секако еден ден Вилијам ќе биде крал, па јас можам да правам што сакам – изјавил во 1989 година петгодишниот принц Хари пред својата мајка, принцезата Дијана.

Со тоа јасно дал до знаење колку многу правила на однесување, на кои мора да се придржуваат, учат уште додека се мали наследниците на британската круна.

 

Ситуацијата не е ништо поинаква и денес и тоа се однесува на принцот Џорџ, неговата сестра Шарлот и штотуку родениот принц Луис.

Па така, Шарлот уште не смее да седи на маса со другите, возрасни членови на кралското семејство за време на вечерата.

Дури кога ќе ги совлада сите правила за однесување и да разговара со другите, ќе смее да седи и рамноправно да вечера со другите членови на нејзиното семејство.

Додека возрасните вечераат, Шарлот седи на посебна маса. Кога не ги учи правилата на однесување на масата, тригодишната принцеза учи странски јазици, а со својата дадилка веќе разговара на шпански јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...