Дури ни најискусните домаќинки не ги знаат сите правила на замрзнување на храната, а пред сè, кои производи можат да се ставаат во замрзнувач, а кои не е препорачливо да се замрзнувааат.
Кои производи не би требало да ги замрзнуваме:
Млекото – тоа станува згрутчено кога ќе се одмрзне (но, во ред е за готвење).
Добро испржена храна – по одмрзнувањето, крцкавиот слој ќе се претвори во кашеста маса.
Павлака – може да се користи за готвење, но течниот дел ќе се одвои веднаш по замрзнувањето.
Храната со прелив од трошки (презла) – ќе ја изгуби цврстата текстура.