На британската кралска венчавка на принцот Хари и Меган Маркл нема да присуствуваат претседатели и премиери на држави.
Објаснување за тоа е фактот дека Хари не е директен наследник на престолот и затоа нема потреба од официјална листа на гости политичари.
За разлика од венчавката на Вилијам и Кејт во 2011 година, оваа венчавка не претставува државен настан и заради тоа се води како приватна церемонија, па така покана до политичките лидери да присуствуваат на венчавката не е нивна одговорност.
Кенсингтонската палата официјално соопшти дека кралскиот пар на свадбата нема да повика политички лидери, барем не врз основа на нивната официјална позиција.
Од Белата куќа потврдиле дека ниту Доналд Трамп, ниту Меланија не се повикани на настанот на 19 мај во дворецот Виндзор.
ФОТО: You tube