Зошто на девојчињата и жените поретко им се поставува дијагноза на аутизам?

Една потешкотија со која се среќаваат истражувачите е тоа што девојчињата со аутизам се однесуваат на начини кои се сметаат за прифатливи – ако не и идеални – за девојчиња: тие делуваат по малку пасивно, повлечено, зависно од другите или дури и депресивно.

381

Многу аутистични девојчиња и жени делуваат повлечено, срамежливо и интровертно“, вели Елис Роув, британска авторка и претприемничка.

Често, вели таа, овие повлечени девојчиња и нивните проблеми умеат да бидат „невидливи“ за другите луѓе.

На Елис и е кажано дека е аутистична кога била помлада зрела личност, но таа е една од релативно малиот број на жени која воопшто добила дијагноза, барем во споредба со мажите.

Се проценува дека секое 160.дете ширум светот има ASD, според податоците на Светската здравствена организација, но постои огромна нерамнотежа во дијагнозите според родот.

Во Велика Британија, официјалните бројки укажуваат на тоа дека на спектарот на аутизмт постојат околу 700.000 луѓе, во однос мажи-жени отприлика 10:1. Некои други студии од светот сугерираат дека е тој однос 16:1.

Но што ако се параметрите за дијагноза родово пристрасни? Керол Пови, директорката на Центарот за аутизам на Британското национално здружение за помош на аутистичните, рекла дека на ова прашање му се споветува сé поголемо внимание.

Новото научно истражување во Велика Британија – конкретно составено така за да ги препознае аутистичните карактеристики кај жените – сугерира дека вистинскиот однос е 3:1.

Ако е тоа точно, стотици илјади девојки ширум светот живеат со овој инвалидитет, а не го знаат тоа.

Дијагнозата не ми е поставена до 22.година“, вели Елис. „Целиот дотогашен живот го поминав прашувајќи се зошто сум ’поинаква’, апсолутно преплашена затоа што сум поинаква, трудејќи се да се вклопам и да престанам да бидам толку поинаква“.

Но кога добила дијагноза, тоа го сменило животот на Елис: „Сега имам име и причина зошто сум поинаква. Страшно е да се биде поинаков, а да не знаете зошто – мислиш дека си целосно сама“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...