Американските медиуми не престануваат да пишуваат за наводните неверства на претседателот Доналд Трамп, но неговата сопруга Меланија, според извор близок до неа, воопшто не размислува да се разведе.
Како што пишува „Холивуд лајф“, причината поради која Меланија не сака да го напушти сопругот е нивниот син Барон, кој, според неа, тешко би го прифатил разводот.
– Сите кои мислат дека Меланија ќе бара развод, грешат. Нејзиното останување во брак не е знак на слабост, таа е фокусирана на синот и она што е најдобро за него. Верува дека стабилното семејно опкружување е најдобро за него – објаснува изворот.
Последнава година, откако неговиот татко стана претседател на САД, „била тешка за момчето кое одеднаш се нашло опкружено со папараци“, додава анонимниот пријател на семејството.