Зошто е нечистотијата добра за здравјето на детето?

Кога имате активно дете кое сè истражува и трча наоколу, првиот инстинкт е да одржувате чисто сè што допира. Но, според научникот Џек Гилберт, на тој начин би можеле да му направите повеќе штета на своето дете, затоа што, како што тврди, нечистотијата е всушност добра за децата.

957

Научникот Џек Гилберт кој е и автор на книгата Dirt Is Good: The Advantage of Germs For Your Child’s Developing Immune Systemпочнал да ја проучува „опасноста“ од бактериите откако го набљудувал својот син како си игра надвор:

„Одевме надвор и мојот син си играше во калта, но штом ќе се извалкаше носевме влажни марамици или антибактериско средство за рацете и се грижевме да не дојде случајно нечистотијата во близина на неговото лице“, рекол и додал дека истото важи и за домашните миленици: „Секако дека е во ред да се измијат рацете после играње со куче, но ако кучето го излиже лицето на детето, тоа не е ниту малку критично како што мисат многумина“.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...