За чудо, сите во одделението беа мирни. Нивната задача беше дома да го истражат својот астролошки знк, за потоа на часот да напишат состав за тоа колку нивните особини се поклопуваат со особините на знакот.
Ана крена рака.
„Учителу, можете ли да погледнете дали добро работам?“
„Секако“. Клекнав покрај неа и почнав да читам.
„Ана, дали даде некои примери од своето искуство во составот?“
„Не“.
„Дали даде одговор на прашањето дали тие карактеристики на хороскопскиот знак навистина те опишуваат?“
„Не“.
„Дали напиша вовед во составот?“
„Не“.
Во тој момент забележав дека и навираат солзи.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.
Текстот и фотографијата се од ТУКА.