Зошто во машките тоалети нема масички за менување на пелените?

Масичките за пресоблекување на бебиња станаа задолжителни во машките тоалети во Њујорк. Мислите ли дека има потреба и кај нас да се направи истото?

131

Според законот кој стапил на сила на 1.јануари мажите во Њујорк ќе можат да му сменат пелена на своето бебе во јавните тоалети.

Сите нови и обновени јавни згради во Њујорк сега мора да имаат маси за пресоблекување на бебињата во машките и во женските тоалети за двајцата родители да добијат еднаква можност да се грижат за своите деца.

Гувернерот на Њујорк Ендру Комо го најавил овој закон уште во април минатата година велејќи дека сите родители заслужуваат чист и сигурен простор на кој ќе можат да се погрижат за потребите на своето бебе“.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...