Кофеинот им е омилена „дрога“ на многу луѓе, но кога оние кои уживаат во кафето ќе ја пропуштат својата утринска „доза“ – ете главоболка! Во преносно и буквално значење.
Кофеионот е силен стимуланс, брзo доспева до мозокот и ги блокира аденозинските рецептори кои се задолжени за заспивање, и затоа по утринското кафе обично чувствувате налет на енергија, имате чувство дека ви е полесно да се концентрирате, а може да сте и благо еуфорични. Ова помага подобро да извршите одредени задачи, кои бараат поголемо внимание, како што се, на пример, возењето или слушањето на предавања на факултет. И тоа е добрата страна на кофеинот. Но, има и лоша…, а тоа е, меѓу другото, чувството кое ве обзема кога ќе ја прескокнете својата вообичаена „доза“.
Повеќето луѓе потсвесно кафе редовно и пијат за да одбегнат да се чувствуваат така. Но, најчест симптом на недостаток на вообичаеното количество кофеин е главоболката. Во прашање се главно главоболки со среден интензитет и траат ден, два, откако ќе престанете да пиете кафе, но во некои случаи може да потраат и една недела.
Ако сте решиле да престанете да пиете кафе, можете да очекувате тензични главоболки (чувството главно се опишува како „нешто силно да ви ја стиска главата“), но понекогаш кај лицата кои се склони на мигрени наглото „укинување“ на кофеиното може да предизвика и мигренозни напади.
Симптомите се посилни ако сте пиеле огромни количества кафе, па одеднаш сте престанале со тоа. Но, се јавуваат и кај оние кои пиеле само една шолја кафе во текот на денот. А, на кафе можете да се „навлечете“ и за само три ден редовно консумирање.
Сепак, дури и минималното количество кофеин е доволно главоболката потполно да исчезне, така што ако сакате да престанете да пиете кафе имајте предвид дека само еден „срк“ може да го ублажи тоа непријатно чувство кое можеби ќе ве обземе наутро. Но, ако сакате потполно да се одвикнете од кафето, треба да знаете дека непријатност ќе чувствувате само неколку дена. Потоа – слободни сте!