Зоран Јовановски именуван за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Зоран Јовановски моментално е главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

877

Собранието на акционери на НЛБ Банка на вчерашната седницата го именуваше Зоран Јовановски за независен член на Надзорниот одбор на банката. Одлуката Банката ја објави на Македонска берза.

Мандатот на независниот член на Надзорниот одбор е четири години.

Од НЛБ Банка информираат дека одлуката ќе стапи на сила по добивањето мислење од Народната банка.

Актуелни членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка се: Блаж Бродњак, претседател Марјета Звер Цанкар, заменик претседател, како и челновите  Хедвика Усеник  и Кристина Ковачич Бјелајац и независните членови Абдулменаф Беџети и Борислав Атанасовски

Зоран Јовановски моментално е главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

Во 1997 се стекнува со академска титула магистер по економија на Универзитетот на Арканзас, САД. Има добиено сертификат за извршни банкарски директори при престижниот ИНСЕАД во Франција.

Во текот на целата досегашна професионална кариера бил ангажиран во банкарскиот сектор. Во Народна банка помина 11 години, каде меѓу другото ја извршувал функцијата советник-координатор на гувернерот а бил и генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...