Кофеинот е присутен во многу билки, во околу 60 илјади растителни видови, а најголем процент кофеин содржат чајот, кафето и какаото во зрна.
Речиси 300 години лекарите и научниците го проучуваат влијанието на кофеинот врз човечкото здравје.
По консумацијата, на кофеинот му се потребни 5 до 30 минути за да почне да делува на мозокот и телото. Повеќе од 75 отсто новороденчиња доаѓаат на свет со траги од кофеин во крвта. За дете, 100 мг кофеин на 1 кг телесна тежина претставува огромна опасност од труење.
Повеќето родители, кога би ги прашале, би рекле дека ни во сон не би му дале на своето дете кофеин, но затоа без проблем му даваат чаеви, газирани сокови или чоколадо.
Една од ретките земји која има официјални препораки во однос на внесувањето на кофеин за децата е Канада.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pixabey